Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека Русија е способна „многу брзо“ да уништи 100 отсто од украинските градови, вклучувајќи го и Киев, но тој не сака да го стори тоа.
-Ако тие (Русија) сакаа да го уништат целосно, тогаш тоа веројатно ќе се случи многу брзо – им рече тој на новинарите на прес-конференцијата, коментирајќи ги уништувањата што ги претрпе Украина.
Во исто време, шефот на Белата куќа истакна дека Русија би можела да го претвори Киев во место на уништување од големи размери, но тоа не го сака.
Од шефот на Белата куќа беше побарано да појасни дали се уште очекува неговата средба со Путин да се одржи пред крајот на месецот.
– Веројатно, одговори Трамп. Немаше повеќе коментари од него на оваа тема.
Американскиот претседател се осврна и на фактот дека Вашингтон издвоил значително повеќе средства за поддршка на Украина отколку нејзините европски сојузници и ја нагласи потребата да се постигне правична распределба на финансиските обврски.
– Мораме да ги изедначиме трошоците, бидејќи Европа даде околу 100 милијарди, а ние повеќе од 300. Иако за нив е многу поважно отколку за нас, бидејќи меѓу нас има океан – рече Трамп, говорејќи во својата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида.
Американскиот претседател, исто така, изрази загриженост поради недостатокот на транспарентен извештај за користењето на средствата доделени за Украина.
– Даваме стотици милијарди долари, но никогаш не сум видел транспарентен извештај со податоци каде одат овие пари – заклучи Трамп.