Свет

Трамп: Русија не би ја нападнала Украина доколку јас сè уште бев претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече рускиот напад врз Украина „геноцид“ , откако тоа го стори актуелниот претседател Џо Бајден. Во вторникот Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека извршил „геноцид“ во Украина, откако зборот го употреби само украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја поздрави изјавата на својот американски колега, нарекувајќи ги „вистински зборови на вистински лидер“.

Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој посочи дека би можел да се кандидира на следните претседателски избори во САД, исто така го употреби терминот во средата во интервју за Фокс њуз. Откако го критикуваше Бајден за политиките што доведоа до висока инфлација, Трамп рече: „Сега да ги погледнеме настаните во Украина – тоа е геноцид“.

Републиканецот, кој многумина го критикуваа дека одржува премногу блиски односи со Путин и Русите, претходно руската инвазија ја нарече „холокауст“, пишува американскиот медиум The Hill. Трамп подоцна повтори дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку тој сè уште беше претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни