Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес повтори дека е „сосема јасно“ дека Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат и истакна дека „е штета што е така“, но дека ќе „види што ќе се случи“.
„Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат кон Јужна Кореја, каде што присуствува на регионален самит, според Си-Ен-Ен.
Трамп изјави дека е на највисоко ниво во анкетите и дека е штета што не му е дозволено повторно да се кандидира.
Трамп: Штета што Уставот на Соединетите Американски Држави не ми дозволува трет мандат, ќе видиме што ќе се случи