Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина ќе биде вклучена во преговорите за ставање крај на војната со Русија, повторно тврдејќи дека рускиот претседател Владимир Путин „сака мир“.
„Мислам дека тој (Путин) ќе ми каже дека не го сака“, изјави американскиот претседател за новинарите во Белата куќа, еден ден по неговиот телефонски разговор со рускиот претседател.
Трамп рече дека ќе организира самит со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг „кога работите ќе се смират“.
Тој изрази желба Русија повторно да се приклучи на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот, која ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Во 2014 година Русија беше исфрлена од таа група, поранешна Г8.
Американскиот претседател додаде дека сака да разговара со Русија и Кина за намалување на трошоците за одбраната, додека тој рече дека Европската унија е „исклучително строга“ по прашањето на трговијата.
„Сите ја сакаме Европа, земјите во Европа, но Европската унија беше исклучително строга по прашањето на трговијата“, рече Трамп по објавувањето на реципрочните царински мерки против многу земји.