Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека три нуклеарни објекти во Иран се целосно уништени и дека реконструкцијата на овие локации ќе трае со години.
„Сите три нуклеарни објекти во Иран се целосно уништени и/или збришани. Ќе бидат потребни години за да се вратат во употреба и, ако Иран сака, многу подобро би било да почнат одново, на три различни локации, пред и тие објекти да бидат уништени, ако одлучат да го сторат тоа“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Американскиот лидер постојано тврди дека три клучни ирански нуклеарни објекти биле целосно уништени во американскиот напад во јуни.
Трамп: Уништени три нуклеарни постројки во Иран, ќе ги уништиме повторно ако ги изградат