Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека од утре ќе стапат на сила најавените царини од 25 отсто за Мексико и Канада, додавајќи дека тие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ да преговараат понатаму.
Трамп посочи дека царините служат за „казнување“ на земјите кои, како што рече, земаат од американската економија и не и враќаат доволно, пренесува Си-Ен-Ен.
Претходно денеска, трговскиот советник на Белата куќа, Питер Наваро, изјави дека воведувањето царини за другите земји нема значително да влијае на зголемувањето на инфлацијата во САД.
Минатата недела Трамп и се закани на Кина со дополнителни царини од 10 отсто, кои исто така треба да стапат на сила во вторник, со што вкупните царини ќе достигнат 20 отсто.