Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Вашингтон и Пекинг се подготвени да постигнат трговски договор пред неговата средба со кинескиот лидер Си Џинпинг во Куала Лумпур во четврток.
Зборувајќи во авион на пат кон Јапонија од Малезија, Трамп додаде дека би можел да го потпише конечниот договор на ТикТок уште тогаш, објави CNBC.
„Имам големо почитување кон претседателот Си и ќе постигнеме договор“, рече Трамп.