Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од руските напади во Украина, додека САД се обидуваат да посредуваат за прекин на борбите меѓу двете земји.
-Не ме радува тоа што се случува со бомбардирањето, бидејќи бомбардираат како луди во моментов. Бомбардираат – не знам што се случува таму. Ова не е добра ситуација – рекол Трамп за време на средбата во Овалната соба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „CNN“.
Тој оцени дека ситуацијата „не е најдобра“ и истакна дека американската страна продолжува да се среќава со Русите и Украинците и дека донекаде „се движи напред“.
– Но, не сум задоволен од бомбашките напади што се случуваат последната недела. Тоа е ужас, тоа е ужасна работа, рече Трамп.
Забелешките на Трамп следеа по прашањата зошто неговиот нов тарифен план не вклучува никакви царини за Русија. Трамп рече дека САД не прават бизнис со Русија „бидејќи таа е во војна“.
Американскиот претседател, исто така, рече дека е „лут“ поради неговиот неодамнешен разговор со рускиот лидер Владимир Путин, кој го отфрли неговиот предлог за целосен и итен прекин на огнот во Украина.