Трамп за средбата со Путин: „Тој рече дека сака да се сретне што е можно поскоро“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се реши конфликтот во Украина.

– Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така да го очекуваме тоа. Мораме да ставиме крај на оваа војна, рече Трамп говорејќи на конференција во американската сојузна држава Аризона.

Трамп го нарече конфликтот во Украина „страшен“ и повтори дека тој конфликт немаше да се случи доколку тој беше претседател на САД наместо Џозеф Бајден.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното