Трамп: Зеленски е небитен!

Зеленски не е толку важно да биде на состаноците, повтори денеска Трамп. Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи вербалната војна против својот украински колега. Овој пат Трамп рече дека Зеленски не е многу важно да биде на состаноците, мислејќи на потенцијалниот мировен договор во Украина за кој, наводно, разговараат САД и Русија, но без присуство на Украина.

„Мислам дека Зеленски не е доволно важен за да биде на состаноците“, рече Трамп во интервју за радио Фокс.

Трамп беше критикуван дека ги остави Европа и Украина од разговорите со Москва претходно оваа недела, поради стравувањата дека САД би можеле да го принудат Киев да направи отстапки за да постигне договор со Русија.

Другите западни лидери го предупредија Владимир Путин дека нема „апетит“ за мир, но Трамп во истото интервју рече дека верува во спротивното.

„Тој не мора да се согласи со договорот. Да сакаше, ќе ја добиеше целата земја“, рече Трамп.

Кога водителот Брајан Килмид му кажал дека Путин е виновен за војната, Трамп одговорил: „Уморен сум да го слушам тоа, тоа ќе ти кажам“.

Минатата недела патувањето на неговиот министер за финансии во Киев го нарече губење време. Американскиот министер за финансии Скот Бесент отиде во Украина за да види каков ќе биде договорот меѓу САД и Украина за минералите.

„Искрено, посакував да не отиде таму, си го изгуби времето“, рече Трамп.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното