Трет ден се трага по девојчето кое тргнало накај училиште, но за жал дента не стигнало таму. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на булеварот „Партизански одреди”.
Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди за да се добие информација за исчезнатото дете.
Граѓаните веднаш почнаа да се саморганизираат за да ја најдат Вања, а во нејзината потрага се вклучи и Ловечката федерација.
Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка 58 кг, има коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.
Последен пат била видена во Дебар маало на патот до училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, а за нејзиното исчезнување на Фејсбук информираше нејзината мајка.
За било какви информации јавете се на 112.