Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција соопшти дека Комитетот за имунизација предложи трета доза вакцина од производителот Фајзер, за медицинските лица и хронично болните пациенти.
Најмалку шест месеци од втората доза треба да бидат поминати за да добијат трета доза.
„Има доволно вакцини на било кој вакцинален пункт и сите овие лица може да одат и да се вакцинираат“, соопшти министерот кој има поднесено оставка по трагедијата во Тетово.
Инаку, сите оние кои се вакцинирани во другите земји, може да се пријават на било кој вакцинален пункт и нивните податоци да бидат внесеви и во системот „Мој термин“ по што сертификатот ќе им биде признаен и во Македонија.