Денешното судско рочиште за Пулс започна со значително задоцнување од еден час, а причината беше ненавременото пристигнување на спроводот од Тетово. Ова предизвика нервоза во судницата и остра реакција од страна на судијката кон полициските службеници.
Веднаш штом започна процесот, судијката побара објаснување за неодговорноста.
„Викнете ми ги тие од Тетово, зошто доцните?“, праша таа.
Полицискиот службеник се обиде да се оправда со зборовите: „Тогаш не известија…“, но судијката веднаш го прекина, посочувајќи дека нема простор за изговори бидејќи термините биле познати многу однапред.
„Наредбите ви се пратени пред месец и нешто. Пренесете таму дека еден саат порано да тргате, датумите сите ви се достапни“, децидно порача судијката.
