Оваа недела започнува ноќната мора за некои од вас. За сета среќа ќе трае само една недела.
Ако уште од наутро чувствувате анксиозност или пак некоја нервоза во стомакот, верувајте дека ѕвездите вмешале прсти. Еве што вели хороскопот – кој ќе има најтешка недела.
Оваа недела ќе биде тешка сама по себе за хороскопските знаци близнаци, девица и риби.
Оваа сезона на Стрелец е всушност помалку депресивна за сите нас, особено поради ретроградниот Меркур, но и со појавувањето на пречувствителниот Нептун кој се појави.
Близнаци:

Оваа недела настануваат вашите маки, Меркур остави трага во вашиот знак уште пред неколку недели. Но, за среќа ситуацијата полека ќе се смирува, но потребно е да бидете и понатаму внимателни.
Интересно е тоа што влијанието на Меркур ќе ве промени уште еднаш, бидејќи оваа планета на комуникацијата и размислувањето влегува во знакот Стрелец на 12 декември. Повторно ќе ви направи штета. Ситуацијата се комплицира во вашата седма куќа на љубовта, па затоа и односите со партнерот ќе ви бидат нарушени. Меркур сака да ве научи на уште нешто пред потполно да се заврти и да си отиде.
Девица:

Веројатно скокавте од среќа кога престана периодот на ретроградниот Меркур. Ова е ваша владејачка планета па кога е таа ретроградна тоа допира до вас многу повеќе отколку на другите знаци во хороскопот. Меѓутоа рано се израдувавте, бидејќи меркуровата сенка ќе ве следи се до 24 декември.
Меркур повторно ќе се појави на 12 декември а тоа значи дека во четвртата куќа на интимата ќе настане вистински хаос. Подгответе се и на тоа дека вашата нестабилност ќе предизвика проблеми и во домот.
Риби:

Вашата владејачка планета Нептун влијаеше на сите знаци во хороскопот но не на добар начин. На пример, таа на 7 декември се поврза со планетата Марс која се служи со инстинкт и двете се најдоа во првата куќа на вашата личност. Поради тоа веќе некое време се чувствувате збунети и имате голем наплив на емоции. Ако се прашувате кои сте всушност, залудно бидејќи нема да добиете никаков одговор.
Но, сепак вие немате вистинска причина за грижа. Сета таа анксиозност ќе помине и вие ќе се запрашате поради што бевте возбудени пред само неколку минути. Хирон, планетата на исцелување ќе помине покрај вас во следниот период. Поради тоа брзо и лесно ќе излезете од оваа криза.
Подготви: Љупка С.
