Македонија

Три куќи горат во Ново Село, упатени еден полициски и еден армиски хеликоптер

Три куќи горат во Ново Село, упатени еден полициски и еден армиски хеликоптер

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство а армискиот во секој момент ќе биде таму.

Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни