Поврзи се

Свет

Три лица загинаа откако авион удри во хеликоптер во Непал

Мал патнички авион удрил во хеликоптер, најмалку три лица загинаа денеска, а четири се повредени.

Несреќата се случила додека мал авион на компанијата „Самит Ер“ се обидувал да полета од местото Лукла кон Катманду. Авионот свртел на пистата и удрил во хеликоптер на компанијата „Мананг Ер“.

Двете летала се сопственост на приватни компании кои превезуваат туристи и локално население до оддалечените области на Непал. гт/

The post Три лица загинаа откако авион удри во хеликоптер во Непал appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com