Свет

Три пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон

Полицијата пронајде три пакети со експлозиви, најдени на аеродромите „Хитроу“ и „Лондон Сити“ и на железничката станица „Ватерло“ во Лондон.

Навигацискиот центар на „Хитроу“ е евакуиран, откако пронајдокот бил пријавен во полиција околу 10 часот, а по три часа се најдени уште два пакети.

Еден дел од станицата „Ватерло“ беше затворен откако беше пријавен вториот пакет. По наоѓањето на третиот пакет, околу 12 часот персоналот од „Лондон Сити“ е евакуиран.

Специјалци се наоѓаат на местото на настанот и истрагата е во тек.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни