Три земјотреси за еден час регистрирани на западот на Грција

Денеска на западот на Грција се регистрирани три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, пренесува „Катимерини“.

Трите земјотреси се случиле за речиси еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12.21 часот со измерени 2,9 степена според Рихтеровата скала.

Вториот земјотрес се случи во 13.11 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а третиот земјотрес е регистриран во 13.14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното