ТРИК КОЈ ГО ЧИСТИ АСПИРАТОРОТ ЗА САМО 7 МИНУТИ: Еве што ви е потребно!

Аспираторот се мрси многу побрзо од другите кујнски апарати, а чистењето обично е голема мака. Меѓутоа, ако знаете мали „цаки“, отстранувањето на маснотиите од аспираторот ќе биде многу полесно отколку што очекувате.

Прво што треба да направите е да ја извадите решетката и да ја ставите во тенџере или лонец од 10 литри. Додадете седум лажици сода бикарбона, прелијте со вода и варете.

Штом содата се раствори, исклучете ја топлината и оставете ја решетката уште 20 минути. Ако решетката не се вклопува во садот, држете ја потопена од едната, а потоа од другата страна 20 минути.

Извадете ја решетката и ставете ја во када, претходно покриена со стара крпа. Исчистете ја решетката од наслаги со метален сунѓер, ќе ви треба помалку од една минута бидејќи целата маснотија ќе омекне и лесно ќе се отстрани. Сè што треба да направите е да ја исплакнете решетката, да ја исушите и да ја вратите на своето место!