Трик користен од Мерлин Монро за да ги истакне очите: Ајлајнерот со две крила е апсолутен хит во шминката

Холивудската дива многу добро знаеше да ги истакне цртите на лицето.

Од ден на ден се враќаат старите трендови кои преовладуваа во минатиот век.

Оние кои стануваат најпопуларни кога се во прашање модата, но и шминката.

А дамите кои порано важеа за модни икони, украсени со безвременска убавина, користеа разни трикови за секогаш да изгледаат убаво и негувано. Една од нив е Мерлин Монро, која внимателно ја избирала шминката што ја користи и начинот на кој ќе ги истакне цртите на лицето.

Таа користела специјална техника на нанесување ајлајнер на таков начин што целосно ќе ги нагласи очите. Станува збор за ретро стил на шминка што се користел во 1960-тите. Ви ги отвора очите и ги прави да изгледаат поголеми и поженствени, речиси како кукла.

Сè што треба да направите е да нанесете ајлајнер по должината на горната линија на трепките и да нанесете дополнителна линија која се протега од средината на долната линија до крајот, каде што ќе се спои со крајот на горната линија на трепките.

Овој трик со ајлајнер датира од ерата на немиот филм, а го носеше славната Грета Гарбо. Тој повторно стана популарен во 1950-тите и 1960-тите со холивудските ѕвезди Мерлин Монро и Софија Лорен. Познат е како ајлајнер со две крила, а шминкерите истакнуваат дека е исклучително гламурозен и дава посебен ефект.

Создава илузија на очите, ги прави поиздигнати и им ласка на секој облик на око.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното