Македонија

Трилатерална средба во Охрид – договорени приоритетите, Рама повторно дојде со „Адидас“

Во свој стил како и секогаш и вечерва на трилатералната средба која се одржа во Охрид премиерот на Република Албанија Еди Рама дојде по „Адидас“ патики.

Ова е препознатлив стил на Рама кој го практикувал и неколку пати во минатото.

„Оваа декларација со листа на приоритети и мерки доаѓа по претходната нивна заедничка средба во Нови Сад. Во основата на декларацијата е соработката, заедничкиот ангажман и елиминирање на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварувањето на заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ. Од определбата за поинтензивна соработка врз основа на заеднички усвоена декларација се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти“, се вели во соопштението.

Претседателот на Владата  Зоран Заев, заедно со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија Еди Рама, во пресрет на состанокот на лидерите од Западен Балкан што ќе се одржи утре, во недела на 10 ноември, одржаа трилатерална средба на која разговараа и ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни