Тројца адвокати на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска беа осудени на затворска казна од три и пол до пет години поради припадност на екстремистичка група.
Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липчер беа осудени пред судот во градот Петушка, на околу 100 километри источно од Москва.
Тие беа уапсени во октомври 2023 година под обвинение дека се дел од екстремистичка група, како што локалните власти ја карактеризираа организацијата на Навални – Фондацијата за борба против корупцијата и нејзината огромна мрежа на регионални канцеларии.
АП пишува дека овој случај се смета за начин да се зголеми притисокот врз критичарите на Кремљ и да се обесхрабрат адвокатите да преземаат политички случаи.
Кога адвокатите беа уапсени, Навални веќе отслужуваше деветнаесетгодишна затворска казна за неколку кривични пресуди, вклучително и екстремизам.
Тој почина во руски затвор во февруари 2023 година.
Независниот руски весник Новаја Газета објави дека Кобзев во својот завршен збор пред судот на 10 јануари рекол дека им се суди за „пренесување на мислите на Навални на други луѓе“.