Македонија

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Три лица се повредени кога денеска околу 15 часо автомобил марка „Бе-Ем-Ве“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци.

Според информацијата од портаролката на СВР – Струмица, Александра Трајанова, при сообраќајката се повредени возачот на автомобилот и двајца негови сопатници, кои се пренесени во струмичката болница.

Трајанова додаде дека увидот на полицијата се уште трае, а од 16 часот сообраќајот се одвива наизменично, откако претходно по несреќата тој беше во целосен прекин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни