Во раните утрински часови, при градежни работи на локацијата за изградба на Мега паркот иднина во Штип, бил пронајден труп. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или женски труп.
Локацијата каде е откриен трупот е поранешниот бунарски систем за снабдување со вода за пиење на Штип.
Трупот бил откриен за време на активностите на градежните машини на фирмата која работи на изградбата на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.
Во моментот се изведува увид од страна на полицијата и јавен обвинител.
Од СВР Штип најавија дека повеќе детали и информации ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.