Дел од парите од продажбата ќе бидат проследени за настраданите од поплавите во долината на реката Ахр.
Целата детска соба е свињарник – вели 85-годишниот Рудолф Лаусберг од Келн за собата во неговата куќа во која има колекција од 4.000 свињи, иако овие украсни примероци се наоѓаат низ целиот стан.
Има различни од нив: од железо, ткаенина, стакло, пластика, дрво. Има и слики и книги за свињи.
Свињите беа страста на неговата покојна сопруга Ханелоре, која почина пред една година и со која Рудолф беше во брак 58 години. Како дете имала свиња и оттогаш се заљубила во овие животни.
Рудолф вели дека била погодена од колекторска треска кога ја купила својата прва украсна свиња во центарот на Келн. Тогаш таа декорација чинела 100 марки, што тогаш било прилично скапо.
