Балкан

„Целта е една – или Дритан Абазовиќ или Мило Ѓукановиќ“

„Целта е една – или Дритан Абазовиќ или Мило Ѓукановиќ“

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на вечерашната расправа во парламентот изјави дека целта на гласањето за падот на неговата влада е само една, а се однесува на заминувањето од политичката сцена – „или Дритан Абазовиќ или Мило Ѓукановиќ“.

„Ова е политичка пресметка во која некој треба да добие предност. Со оглед на тоа што сум политички и финансиски многу послаб, веројатно однапред се знае победникот. Но, тоа не значи дека некој друг нема да го земе факелот и да го вклучи светлото“, рече Абазовиќ.

Тој истакна дека од 30 август 2020 година не престануваат бројните притисоци врз него, но дека нема страв бидејќи е убеден во искреноста на неговите постапки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни