Цената на златото за прв пат достигна 4.000 долари за унца

Цените на златото денес за прв пат надминаа 4.000 долари за унца, бидејќи трговците бараа побезбедна актива во услови на послаб долар, геополитичка нестабилност, економска несигурност и тврдоглава инфлација.

Вредноста на овој скапоцен метал се зголеми за повеќе од 50 проценти оваа година, бидејќи индексот на американскиот долар падна за 10 проценти, а американскиот претседател Доналд Трамп влијае на глобалниот трговски систем со високи тарифи и ја загрозува независноста на Федералната резервна банка (ФЕД), објави CNN (CNBC).

Централните банки, исто така, купуваат злато со брзо темпо, како и малите инвеститори, кои бараат заштита од инфлација.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.