Поради руските напади врз Украина, цената на природниот гас во Европа достигна 198,5 евра, достигнувајќи го рекордното ниво во последните две години.
Цената на априлските фјучерси со кои се тргува на ТТФ, виртуелната точка за тргување со природен гас со седиште во Холандија, вчера беше затворена на 165,5 евра за мегават час.
Цената на договорите денеска се отвори на 180 евра за мегават час, порасна за околу 20 отсто во однос на вчерашното затворање, а во 11.30 часот по турско време достигна 198,5 евра за мегават час.
Така, цените на природниот гас во Европа го достигнаа рекордното ниво од последните две години.
Цените растат поради стравувањата дека руските напади врз Украина ќе го намалат снабдувањето со гас.
Можноста за санкции влијае и на цените
Поради руските бомбардирања и ракетни напади врз Украина, оштетувањата на инфраструктурата на природниот гас и загриженоста дека протокот на гас може да биде прекинат ги зголемуваат цените.
Доколку нападите продолжат, можноста за санкции за извозот на нафта и природен гас влијае и на цените.
Земјите од ЕУ во моментов обезбедуваат 40 отсто од нивните потреби за природен гас од Русија.
