Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2% во однос на август и за 3,9% во споредба со септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците, во однос на претходниот месец, цените во секторот Рударство и вадење камен се намалиле за 0,7%, додека во Преработувачката индустрија е забележано зголемување од 0,2%.
Во годишна споредба, цените во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 1,5%, додека во Преработувачката индустрија растот изнесува 4,1%.