Свет

Централните банки со нов удар кон криптовалутите: Тоа не се пари!

Централните банки со нов удар кон криптовалутите: Тоа не се пари!

Со оглед на тоа дека вредноста на криптовалутите како биткоин и етериум и таканаречените стабилни монети како Луна и ТераУСД паѓа и предизвикува голема штета на многу инвеститори, ова засега изгледа малку веројатно.

Секако, сè додека криптовалутите не почнат да се однесуваат повеќе како традиционални валути, рекоа централните банкари и регулаторите на панел дискусија на Светскиот економски форум во Давос.

„Биткоинот може да се нарече монета, но тоа не е пари. Тој не е стабилно складиште на вредност“, рече Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Георгиева рече дека некои криптовалути се повеќе слични на пирамидалната шема за дигиталната ера, бидејќи не се поддржани од реални средства. Сепак, таа рече дека дигиталните валути поддржани од централната банка (CBDC) всушност би можеле да бидат стабилни.

Франсоа Вилеро де Гало, гувернерот на Централната банка на Франција, се согласи.

„Криптовалутите не се сигурно средство за плаќање. Некој мора да биде одговорен за вредноста и мора да биде универзално прифатен како средство за размена. Тоа не е случај сега“, рече тој, истакнувајќи дека „некои граѓани ја изгубиле довербата во криптовалутите“ поради до висока нестабилност.

Сетхапут Сутивартнарупут, гувернер на Банката на Тајланд, рече дека Тајланд експериментира во светот на дигиталните валути.

„Не сакаме да ги гледаме како средство за плаќање“, рече тој, додавајќи дека криптовалутите се повеќе инвестиција отколку средство за размена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни