Денеска во официјална посета на Република Македонија престојува потпретседателот на Владата на Словенија и министер за надворешни работи на земјата Миро Церар, кој се сретна со неговиот колега Никола Димитров.
„Македонија носи историски одлуки кои ќе бидат важни и за целиот регион. Словенија целосно ја подржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Задоволен сум што во парламентот беше постигнато двотретинско мнозинство. Консултативниот референдум не го исполни правниот услов, но резултатот од истиот беше позитивен и испрати силна порака до народот за влез во ЕУ и НАТО, и затоа процесот во Собранието е легитимен. Прашањето за членство во ЕУ треба да биде само прашање на време. Без реформи не може да се достигнат резултати кои би ја однеле Македонија во ова динамично време нема да може да се одговори на предизвиците и да се стане конкурентен. И понатаму да живееме во добросостојба и соработка, остануваме ваш силен поддржувач“, рече Церар.
Димитров истакна дека му е посебна чест што е посетуван од неговиот колега од пријателската земја Словенија.
„Ова е прва официјална посета кој доаѓа од пријателската земја Словенија, и треба да ни биде пример да бидеме повеќе како нив. Имаме одлични односи, расте трговската размена има нови инвестиции поддршка за интеграција во ЕУ и НАТО. Ме покани да одам во Љубљана, и добро ќе биде идната година да одиме во земји каде што ќе имаме пријатели“, рече Димитров.
Двајцата ќе присуствуваат на отворањето на Амбасадата на Република Словенија во Македонија.
