Свет

Циклон „Фани“: 12 лица загинаа, 1,2 милиони се евакуирани во Индија (ВИДЕО)

Најмалку 12 лица загинаа во силниот циклон „Фани“ на истокот од Индија. Ова е најсилната бура која ја погодила Индија во последните пет години.

Циклонот ги зафати североисточните делови од Бангладеш, каде загина едно дете, но 30 лица се повредени.

Индиските медиуми пишуваат дека загинати се 12 лица, а 1,2 милиони луѓе се евакуирани 24 часа пред циклонот.

Ветерот дувал со 200 km/h и ги срушил и електричните столбови, а дрвјата ги корнело од земјата.

 

The post Циклон „Фани“: 12 лица загинаа, 1,2 милиони се евакуирани во Индија (ВИДЕО) appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни