Циклонот создаде хаос: Зголемен бројот на загинати на француската прекуморска територија

Бројот на жртвите поради циклонот „Чидо“ на француската прекуморска територија Мајот во Индискиот Океан се искачи на 39, соопштија официјални лица.

Продолжува работата на идентификација и потрага по жртви, јавуваат медиумите.

Циклонот Чидо го погоди Мајот на 14 декември, станувајќи најразорниот во повеќе од 90 години.

Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 2,5 илјади се повредени.

Штетата предизвикана од циклонот ќе биде меѓу 650 и 800 милиони евра, пренесува РИА.

Циклонот „Чидо“ се движеше кон источниот регион на Африка откако го погоди островот Мајот, дувајќи со брзина поголема од 220 километри на час.

На Мајот живеат нешто повеќе од 300.000 жители распоредени на два главни острови лоцирани на околу 800 километри од Мозамбик.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното