Балкан

Ципрас по втор пат во Северна Македонија

Грчки премиер втор пат ќе ја посети Република Северна Македонија. Прв пат грчкиот премир Алексис Ципрас беше во Македонија по потпишувањето на договорот од Преспа, откако од Псарадис по воден пат пристигнаа во македонскиот дел од Преспа.

Ципрас на почетокот од месец Март објави дека официјално тој ќе биде првиот грчки премиер кој ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис-делегација, а подоцна ќе се формира и високиот совет за соработка на Грција и Северна Македонија, откри грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи.

На врвот на агендата е средбата меѓу Ципрас и македонскиот колега Зоран Заев. Билатерални средби со своите ресорни колеги во Скопје ќе одржат и грчките министри кои ќе го придружуваат Ципрас. По овие разговорите предвиден е состанок на Советот за соработка меѓу Северна Македонија и Грција, односно своевидна меувладина седница  по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Премиерите Заев и Ципрас попладнето на 2 април ќе го отворат и Бизнис форумот каде компаниите од двете земји ќе се поврзат и ќе ги разгледаат можностите за можна соработка. Грчкиот премиер, претходно, треба да се сретне и со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни