За време на претставувањето на кандидатот од СИРИЗА за периферијата Централна Македонија на претстојните локални избори во Грција, премиерот Алексис Ципрас истакна дека Договорот од Преспа испраќа порака дека пријателството и соработката на народите преку мирот, соработката и зближувањето, може да се најдат патишта за перспектива за денес и утре, за идните генерации, јави дописничката на МИА од Атина.
-Оваа област, Централна Македонија, Македонија во целост, Северна Грција, не може да оди напред и да се развие ако е со завртен грб кон соседните земји и соседните народи. Секогаш во историјата беше место за средба на култури, народи, трговија, мултидимензионална економија и само како такво може да има перспектива во иднина, рече грчкиот премиер.