Ципрас: Продолжуваме со дела, а не со зборови - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Ципрас: Продолжуваме со дела, а не со зборови

Продолжуваме не со зборови, туку со дела, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, доцна синоќа, откако неговата влада, со 153 гласа „за“, доби доверба од Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

– По денешниот резултат, следната седмица, сѐ што најавивме, мерките за олеснување за многумина, мерките за поддршка на економијата, мерките за поддршка на грчкото општество, веднаш ќе станат пракса. Сè што се однесува на 2019 година ќе се гласа следната седмица и ќе почне да се спроведува по две седмици, истакна Ципрас.

Освен пратениците на СИРИЗА и оние кои ја поддржуваат Владата и се на министерски позиции позитивно за доверба на Владата гласаше и пратеникот Јанис Саридис од партијата Сојуз на централисти.

Од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, гласаа 289, од кои 136 беа „против“. Против се изјаснија пратениците од Нова демократија, Демократска алијанса, Комунистичката партија, Златна зора и Река, додека пак, лидерот на Сојуз на централисти и тројца негови пратеници отсуствуваа од гласањето.

На тридневната расправа што започна во средата попладне и траеше околу 29 часа, збор зедоа 112 говорници, меѓу кои и премиерот на Грција, лидерите на политичките партии и министри од владата.

На гласањето му претходеше обраќање на лидерите на политичките партии, а расправата со говор ја заврши грчкиот премиер.

The post Ципрас: Продолжуваме со дела, а не со зборови appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com