Алексис Ципрас, премиерот на Грција од Букурешт најави дека европската перспектива на Албанија може да биде доведена во прашање, доколку властите не ги почитуваат правата на грчкото малцинство во таа земја. Ципрас додаде дека има информации дека има негативни тенденции, со што предупредува дека тоа ќе има негативни последици.
Грчкиот премиер беше прашан за имотите на Грците во јужната албанска општина Химара, притоа не исклучувајќи ја можноста Албанија да добие санкции на патот кон ЕУ.
„Во последно време ги следиме случувањата кои нам не ни се допаѓаат. Добивме информации дека се забележани негативни тенденции кога станува збор за грчкото малцинство во Албанија. Ако тоа е точно, тогаш тоа ќе има негативен развој. Прашање кое, за жал, не ни дава оптимизам кон европската перспектива“, изјави Ципрас.