Ципрас во вторник доаѓа во посета на Северна Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 02.04.2019 година, доаѓа во посета на Северна Македонија. Тој ќе ја предводи владината делегација која ќе пристигне на аеродромот во Скопје, а потоа ќе оствари неколку кратки билатерални средби, по што ќе следува заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Делегацијата ќе го посети и Собранието, и ќе оствари средба и со претседателот Талат Џафери.

„Во вторник, 02.04.2019, делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на Северна Македонија.

Во склоп на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија.

После неколку кратки билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во владата на РСМ ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес конференција на премиерите Заев и Ципрас во холот на Владата.

Оттаму, делегацијата на Грција ќе се упати кон Парламентот на средба со Претседателот на Собранието на РСМ, Џафери.

На крајот на посетата, премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас.“, соопштуваат од Владата.

Ципрас ќе биде прв грчки премиер кој ќе дојде во посета на нашата земја.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното