Македонија

„Цивил“ бара да се преиспита датумот за избори, Дерала: Изборниот законик како „швајцарско сирење“

Политичките партии избрзаа со одредувањето датум за предвремени парламентарни избори, порачуваат од Невладината „Цивил“, која со години наназад ги надгледува изборните циклуси. Џабир Дерала, вели дека Избирачкиот список сѐ уште не е прочистен, а нема време ниту за промени во Изборниот законик.

Од Цивил, меѓу другото бараат и да се направи ревизија за финансирање на политичките партии.

Од невладината организација бараат политичките партии да намалат со интензитетот на кампањата, да запрат со лажните вести и злоупотребата на децата на партиските собири.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни