Црн ден во Македонија – од коронавирус починаа 10 лица

Министерството за здравство денеска информира дека во последните 24 часа од коронавирус се починати десет лица од кој двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г).

Од таму велат дека, од нив еден пациент е починат вонболнички услови, додека останатите 9 се починати во болница.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19.

.

Извор: ТВ21