Црногороското Собрание денеска ќе го ратификува Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО. На пленарната седница ќе присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Џафери ќе оствари биратерална средба со неговиот колега Иван Брајовиќ.
Премиерот Душко Марковиќ пред денешната ратификација истакна дека со овој чекор Подгорица ја потврдува поддршката кон Северна Македонија, која ќе биде дополнителен фактор за стабилноста.
Протоколот до сега го ратификуваа Грција, Бугарија, Словенија и Албанија.