Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи за персона нон грата шестмина дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора.
Министерството на Твитер соопшти дека одлуката е донесена поради активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на заемно почитување и почитување меѓу двете земји.
Во март, април и август годинава, Министерството за надворешни работи прогласи вкупно шест руски дипломати за непожелни во Црна Гора.
Во веста се наведува дека двајца црногорски државјани, шестмина вработени во руската амбасада и неколку руски државјани се под истрага поради сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба.