Македонија

ЦУК: Постои можност од поплави

Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали.

Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи, рече Ангелов.

Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни