Македонија

„Цвета“ непотизмот, нови сличаи на вработувања – политичките партии со меѓусебни обвинувања

Скандалите  поврзани со непотизам, продолжуваат . За политичките партии ова прашање се претвори во воено поле објавувајќи имиња на лица кои се вработени на разни позиции. ВМРО-ДПМНЕ објави  за уште двајца други пратеници од СДСМ кои вработиле свои блиски луѓе, а како што велат од таму, следниве денови ќе објавата и нови случаи.

Битолчани денеска го искористија случајот и побараа отчет од министерката Шеќеринска во врска со ова прашање.

Шеќеринска одговарајќи на прашањето рече дека непотизмот и партиските вработувања треба да останат во минатото и дека владата се бори да се вработуваат луѓе по заслуга со цел да се зачуваат квалитетните кадри во државава.

Инаку, СДСМ минативе недели беше обвинета за непотизам, а во врска со бројните реакции кои се појавија на социјалните мрежи, премиерот Заев побара од пратениците, нивните блиски да се повлечат. Но, и по ваквото барање, повеќето високи државни функционери не презедоа ништо.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни