Цветанов: СЈО не го исполни она што го очекуваше народот

Цветанов вечерва беше дециден дека она што СЈО го ветувало не било исполнето. Вели дека народот очекувал многу повеќе од СЈО, а не да остане само на истрагите кои ги отворил Зоран Заев.

„Бевме секој ден на протести за да опстои СЈО, за подоцна да се случи предавство од страна на Јавното Обвинителство. Тие имаа обврска, не само 35 случаи што им ги даде Зоран Заев, кои беа објавени преку бомбите, требаше да отворат и нови случаи. Не видовме ниту еден. Значи, Зоран Заев сам за неколку месеци успеа да отвори 35 случаи од прислушувани телефонски разговори, а СЈО не отвори ниту еден, или само еден-два случаи. Многу луѓе врз база на тие разговори очекуваа да се откријат тајни и лоши работи правени во оваа држава“, рече вечерва Ване Цветанов.

Се вчитува...

Извор: ТВ21