Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти кои ги „ограбуваат“ туристите наплаќајќи им за потрошувачка по вртоглави цени.
Во паб во центарот на градот келнери биле уапсени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (околу 580 евра) и на кој поради тоа му се заканувале.
Полицијата ги уапсила и сопственичката на ресторанот и нејзиниот син, па тие ќе бидат изведени пред истражен судија.
Туристот рекол дека сакал само да пие кафе, а келнерите постојано носеле пијалоци кои тој не ги нарачувал, а кога одбил да плати, му се заканувале дека ќе повикаат полиција и ќе му наплатат трошоци за преведувач.
На туристичките форуми редовно може да се читаат поплаки против угостителите кои не се двоумат да „земат“ туристи.
Полицијата, всушност, го следела споменатиот паб некое време и сега им била дадена шанса да го фатат персоналот.
Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е во најпознатата улица Ваци, популарно шеталиште за туристите.
