Иако е познато дека цените во речиси сите одморалишта годинава се повисоки од вообичаено, една сметка од Корчула ги шокираше туристите.
Годинава цените ги надминаа можностите на мештаните во Хрватска, а се повеќе им предизвикуваат главоболка на странците, иако, од друга страна, секогаш треба да се каже дека секоја роба има свој купувач, бидејќи да беше обратно, би се „отрезниле“ рестораните и трговците, пишува „Слободна“ Далмација.
Се вчитува...
Како и да е, последниот пример за значителна сума на сметката на Слободна Далмација го испратил придружник кој платил две кафиња со млеко во центарот на Корчула. Таа сладост го чинеше точно – 14 евра.
