Турските актери ги полудеа Србинките – хаос низ улиците во Белград, сите сакаат да се сликаат со нив

Сите добро се сеќаваме на моментот кога познатите мексикански сапуници ги заменија турските серии, кои сепак уживаат голема популарност на нашата публика, но и актерите кои го маѓепсаа понежниот пол.

Бурак Озџивит се здоби со голема популарност во Србија по улогата на Бали Бег во серијата „Сулејман Величествениот“, а во 2016 година го посети и главниот град, каде го пречекаа бројни обожаватели кои сакаа да се сликаат со него.

Хаос на улиците во Белград, врисоци и бројни воздишки одекнуваа во центарот на градот, а актерот се уште се наоѓа на висока позиција како миленик на Србинките.

Потоа дојде конкуренцијата – Џан Јаман.

Уште еден турски заводник ги полуде Србинките и одлучи прво да го посети Белград на деловен план, но и да биде дел од познатиот ноќен живот.

Џан посети неколку кафулиња и клубови и на крајот на својот Инстаграм истакна дека „Србите навистина знаат да се забавуваат“.

За хаосот што настана кога се појави на улицата Кнез Михајлова се уште се зборува – погледнете сами:

ФОТО: ATA IMAGES – Milan Marichikj