На 03.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, во Прифатен центар за баратели на азил, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Б.(27) и А.С.(26), двајцата од Турција.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.