Турција побара екстрадиција на НБА кошаркарот Енес Кантер кој во моментов настапува за тимот на Њујорк Никс, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Кошаркарот наводно бил учесник на терористичка организација, а ова е прв пат Турција да бара екстрадиција за некого од НБА лигата.
Турските медиуми пренесуваат дека главниот обвинител за тероризам и организиран криминал од Истанбул го испратил барањето за екстрадиција, поради тоа што Кантер се поврзува со Фетулах Ѓулен. Ѓулен живее 20 години во азил во Пенсилванија.
Реџеп Таип Ердоган го обвини Ѓулен за неуспешниот државен удар во 2016 година.
Енес Кантер, пак, изјави дека нема направено ништо грешно за да биде екстрадиран.
„Турската Влада нема ниту еден доказ дека јас сум направил нешто грешно. Во САД, немам ниту казна за паркирање. Секогаш сум бил човек кој го почитува законот – напиша кошаркарот кој што во едно интервју истакна дека секој кој го критикува Ердоган станува „мета“, а еден од тие е токму тој.